Опозицијо!!! Отворете се..Затворени сте ко тајно друштво за хипноза. Отворете ги вашите порти и повикајте ги сите умни и надарени поединци, приберете ги ко мајка своите деца. Не живејте со стари замрзнати слики. Не барајте среќа и надеж во минатото, во ликови што низ времето не се промениле. Оној што не се менува, тој е досаден и остарен човек, промените се знак за живот во нас. Македонија има преживеани умни и модерни поединци. Приберете ги кај себе токму оние кои добронамерно ве критикуваат.
Сета вистина, добрина, убавина, памет и квалитет не се наоѓаат само на Правниот факултет. Свртете се кон оние што имаат албанско етничко потекло, таму исто има многу даровите поединци што не припаѓаат никаде. После овој потоп, ПРОМЕНИТЕ се единствениот пат за да се излезе на виделина. Во музика, спорт, наука, политика…
Фејсбук статус на Златко Ориѓански


