Британското кралско семејство ги повика медиумите да не објавуваат неавторизирани фотографии од принцот Џорџ и принцезата Шарлот.
Во официјално писмо од Кенсингтонската палата се истакнува дека се уништува приватноста на кралското семејство. „Принцот Џорџ во моментов е главна мета на папараците. Инцидентите се зачестени, а тактиките на папараците се се поопасни. Преминати се границите и секоја нова ескалација може да ја доведе до прашање безбедноста на децата“ – се наведува во писмото.

Кејт и Вилијам додале дека не сакаат нивните деца да растат зад портите на палатата во затворени градини, туку дека сакаат тие да можат слободно да си играат во јавност а да не бидат фотографирани.
Извори блиски на кралското семејство тврдат дека принцот Вилијам е многу поемотивен на оваа тема, особено поради фактот што смета дека папараците се виновни за смртта на неговата мајка принцезата Дајана, која загина во сообраќајна несреќа во 1997 година.


