Убавaта Меган Фокс се разведува од неверниот сопруг

Актерката Меган Фокс (29) по пет години брак и 6 години врска донела одлука да се разведе од својот сопруг, актерот Брајан Остин Грин (42) кој се прослави со улогата во серијата „Беверли Хилс“.

Гласините за нивните постојани кавги траат веќе неколку месеци, а сега во јавноста протекла информацијата дека убавата Меган го оставила сопругот уште пред шест месеци, пренесува „Ју-ес магазин“.

– Меган одлучи да му стави точка на бракот, а двајцата се сложиле да се разведат уште пред шест месеци – открил близок извор на актерката.

Се шушка дека одлуката за разводот паднала бидејќи Меган дознала дека Брајан ја изневерил. Двојката ги има синовите Ноа (2) и 18-месечниот Боди.

 

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести