Српската естрада е преполна со убави и згодни жени на кои тешко може да им ги одредите годините. Кога ќе се појават во јавноста со своите ќерки, често се прашувате: Која е мајката, а која ќерката?
Едан од таквите примери е Анабела Атијас која има три ќерки, но најстарата Луна Џогани најмногу личи на својата мајка. За неа малку се знае, освен дека е ќерка на Анабела и Гаги Џогани. Во неколку наврати имало шпекулации дека Луна ќе се појави во некое од реалните шоуа, но тоа не се случило. На Инстаграм редовно поставува провокативни фотографии.
Уште една неверојатна сличност мајка-ќерка се Светлана Цеца Ражнатовиќ и нејзината ќерка Анастасија. Анастасија многу личи на својата мајка, а дека сака истото да го постигне и со гласот сведочат нејзините видеа на кои ги пее песните на својата мајка и ги објавува на социјалните мрежи.
Релативно нова во јавноста е ќерката на Катарина Остојиќ, Николина која неодамна почна да се појавува на социјалните мрежи. Каја ја промовира својата миленичка фотографирајќи се кај ќе стигне. А дека таа е копија на својата мајка се гледа од фотографиите.
Извор: Вистина.мк




