Josh Daniel, 21 годишниот натпреварувач на британскиот Х – Фактор успеа со својата изведба да го расплаче и „ладниот“ Simon Cowell.
Имено, со емотивната изведба на песната “Jealous” која Daniel ја посвети на својот пријател Thomas Woolley, кој починал пред две години, освен жирито ја расплака и публиката но и Cowell кого песната дополнително го погодила поради смртта на мајка му со која бил многу близок.


