Моник Бастос од Бразил била нападната од двајца мажи додека со пријателки одела на тренинг по џиу-џицу. Крадците сакале да им ги земат телефоните, а воопшто не претпоставиле дека нападнале експерт во боречки вештини.
Моник сфатила дека не се вооружени и кога им се спротиставила, едниот побегнал со нејзиниот телефон, но успеала да го собори другиот, a нејзините пријатели да го снимат овој момент. На снимката гледаме како Моник го има приклештенo ситниот криминалец кој моли за милост, додека ги вадат неговите документи за идентификација.


