Llanfairpwllgwyngyllgogerychwyrndrobwllllantysiliogogogoch е местото кое што се наоѓа во северозападен Велс, а како што е и очигледно, она според кое што е толку посебно е токму неговото име. Овој назив на место е најдолг во Европа и е само за неколку букви пократок од најдолгиот назив на светот кој што го носи еден рид во Нов Зеланд – Taumatawhakatangihangakoauauotamateapokaiwhenuakitanatahu.
Водителот на временската прогноза и метеорологот на телевизијата Канал 4, Лајам Датон, успеа и тоа со леснотија да го изговори името на овој град додека зборуваше за него во вчерашното вклучување како во еден од најтоплите делови во Велика Британија.
Навистина е неверојатно како тој успеа да го изговори овој збор во само еден здив.
Инаку, името на ова село значи – Црквата на Света Марија во празнината на белиот лешник близу вртлогот и црквата Свети Тисилиј од црвената пештера.


