Неименуван војник во Москва дефинитивно ја заслужи титулата херој на денот, но девојката која ја „спаси“ од киднапирање за негова жал беше актерка, како и„ грабнувачот“ кого така храбро го совлада, кој беше нејзин колега.
Имено, војникот не сфати дека се наоѓа среде филмски сет, па кога ја забележа двојката со вперен пиштол во глава, му пријде на насилникот од зад грб и го собори на земја.
За среќа на војникот одма му објаснија за што се работи, а снимката од несекојдневниот инцидент стана хит на руските друштвени мрежи.


