Ако го ставите ова на Јутуб, ќе имам проблеми!
Пејачот Роби Вилијамс моментално е на турнеја низ Австралија, а неговиот концерт во саботата стана непријатен.
Во текот на настапот пејачот проба да се додворува на едно девојче од публиката.
– Ми се допаѓа твојот изглед. Како да си секретарка, кажа пејачот, алудирајќи на порно филмовите, но потоа дозна колку години има девојката.
Непријатното изненадување е дека девојката е девојче кое има 15 години.
– Сра*е. Овдека си со мајка ти? Ве молам, немојте ова да го ставате на Јутуб. Ако ова заврши во новините, ќе бидам јас во неволја, додаде тој.
И додека публиката се смееше тој и порача да се држи подалеку од момци како што е тој.


