Анестезиологот од гевгелиската болница имал над два промили алкохол во крвта

Над два промили алкохол биле откриени во крвта кај еден од анестезиолозите кој бил дежурен ноќта во гевгелиската болница кога почина родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе, пренесуваСител од извори во истрагата.

Тоа значи дека лекарот бил многу пијан кога влегол во операциона сала, коментираат токсиколози. Нејасно е како му било дозволено да се појави на работното место во ваква состојба. Засега се уште нема официјални информации од истражниот обвинител. Велат дека ги прибираат сите потребни документи а денеска на распит бил и директорот на болницата. Ги чекаат резултатите од обдукцијата кои треба да покажат дали има лекарска грешка. Денеска реагираше и Лекарската Комора која бара со трагичниот настан и евентуалниот пропуст на поединци да не се фрла дамка врз целокупниот здравствен систем. По настанот директорот ги суспендираше двајцата гинеколози од работа.

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести