Трисетиосумгодишен скопјанец доби кривична пријава и е во осумдневен притвор затоа што е осомничен дека на 4 ноември, во семејниот дом, откако се вратил од кафеана во алкохолизирана состојба, на прашањето од сопругата за тоа каде бил, првин не одговорил ништо, а потоа физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници и клоци по главата и телото и давејќи ја со рацете околу врат.
Полицијата соопшти дека тој и се заканил дека ќе ја убие ако го настанот го пријави во полиција, по што заминал од домот.
Жената следниот ден отишла во Клиника за уво, нос и грло каде што и била извршена операција.
Веќе следниот ден, насилниот сопруг бил приведен.


