Ви го пренесуваме Документарен филм за Љубе Бошкоски од 2007 година во продукција на Македонската Радио Телевизија
– Јас сум била еднаш кај него, есеноска, ех, не можам, далеку многу. Само нека ми е жив и здрав да ми дојде, ништо друго нејќам на светот. Ако после одма да умрам“. Мајка. Да го гушне својот син па ако треба веднаш и да умре…( 08:54)
Љубе Бошкоски доби дозвола да излезе од затворот „Идризово“ за да присуствува на погребот на неговата мајка, која почина пред неколку дена, пишува Утрински весник. Како што неофицијално дознава весникот, управата на затворот донела вакво решение во текот на денешниот ден.
Бошкоски ќе го напушти затворот во периодот од шест до 18 часот. Но, тој наводно бил условен дека доколку на погребот присуствуваат новинарски екипи или, пак, даде изјава за медиумите, веднаш ќе биде вратен во затворот.


