Јелена Розга и Стјепан Хаусер одлучиja да живеат заедно во Загреб

Хрватската поп-ѕвезда Јелена Розга (38) и музичарот од дуото „2 Челос“, Стјепан Хаусер (29) кои се забавуваат веќе неколку месеци, се одлучиле на голем чекор во нивната врска и заедно изнајмиле стан во Загреб. Виолончелистот се помалку патува и се повеќе време и посветува на својата сакана, пишува хрватскиот магазин „Глорија“.

Музичката двојка не ја крие својата среќа и не се обѕираат на злите јазици кои нивната врска ја нарекуваат само маркетиншки трик. Јелена неодамна по својата турнеја во Канада наместо да замине дома продолжила во Лас Вегас каде што со своето момче ги посетила најголемите знаменитости, а фотографиите од нивните заеднички моменти ги сподели со фановите на социјалните мрежи.

Пејачката на патувањето малку се здебелила па мнопгумина забележале декја пејачката има стомаче и со тоа ги поттикна гласините дека е бремена.

Розга досега не се огласи јавно  за тие гласини.

jelena_rozga1

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести