Полицијата на Њу Орлеанс трага по човекот кој е снимен од безбедносна камера, откако тој пукал во студент по медицина кој се обидувал да го запре осомничениот во нападот на една жена.
На снимката од видео надзорот објавена од страна на полицијата во Њу Орлеанс, се гледа како маскиран човек влече жена околу 04:30 во петокот. Неколку моменти подоцна, автомобил запира и друг маж, идентификуван како Питер Голд, 25, излегува и се обидува да направи повик на неговиот мобилен телефон.
“Жртвата пристигна и се обидела да и помогне на жената,а осомничениот вперил пиштол во него и побарал пари”, изјави во соопштението Полицијата во Њу Орлеанс.
“Жртвата му објаснила на осомничениот дека тој нема пари. Осомничениот се разгневил и ја застрелал жртва еднаш во стомакот”, се вели во соопштението.
Питер Голд, студентот по медицина од универзитетот Тулан, имал голема среќа откако маскираниот човек се обидел уште три пати да го застрела, но пиштолот се закочил, соопшти полицијата.
Голд, студент на четврта година на универзитетот Тулан во Њу Орлеанс, бил однесен во болница во критична состојба. Шефот на полицијата во Њу Орлеанс, Рони Стивенс, рече дека кратко време по инцидентот, Голд бил хоспитализиран и “се чувствува подобро”.
Тулан универзитетот нуди 10.000 $ награда за информации кои би воделе до апсење на осомничениот.



