Рано утрово се случи страотна сообраќајка во Кисела Вода при што настрада мотоциклист.
Сообраќајката се случи на булеварот Борис Трајковски, а мотоциклистот изгубил контрола врз моторот најверојатно поради влажниот и лизгав коловоз.
Повредениот моторџија со возило на Итната помош е префрлен во болница.
Засега не е позната неговата здравствена состојба.
Полицијата изврши увид на местото на несреќата.
Фото. Puls24.mk


