Путинова пратеничка загина во експлозија додека на паркинг имала секс со сопругот

Руската јавност викендов е преокупирана со мистериозната смрт на младата политичарка Оксана Бобровскаја (30) и нејзиниот сопруг Никита Бобровски, чијшто автомобил, во петокот вечерта, беше кренат во воздух во најнаселениот сибирски град Новосибирск.

Како што е соопштено Бобровскаја, која е член на Регионалното собрание и член на владејачката партија на Владимир Путин, Единствена Русија, во моментот на експлозијата била во Тојота РАВ4 со нејзиниот сопруг, поранешен воен специјалец.

Очигледно, тие биле впуштени во сексуален однос, при што според некои шпекулации, Бобровски наеднаш мистериозно активирал бомба. Двајцата биле најдени полуголи на задното седиште на автомобилот.

Siberian MP murder-2-Oksana Bobrovskaya-must credit Ella Luzareva-The Siberian Times, queries Will Stewart 007 985 998 94 00.jpg
Siberian MP murder-2-Oksana Bobrovskaya-must credit Ella Luzareva-The Siberian Times, queries Will Stewart 007 985 998 94 00.jpg

Локалните медиуми објавија дека двојката имала проблеми во бракот, според непотврдени извештаи, Никита бил убеден дека Оксана го изневерува. Односите во бракот биле затегнати, наводно поради фактот дека само Оксана заработува, додека Никита бил невработен. Двојката остави зад себе 4-годишна ќерка.

Најчитани вести