(ВИДЕО) Генијална божиќна реклама: најдете време пред да биде прекасно

Германски трговски ланец ЕДЕКА ја објави својата прва божиќна реклама од која многумина би можеле да извлечат важна порака.

Дејството се одвива околу старецот што очекува дека за Божиќ ќе го посетат неговите деца и внуци, но тие му јавуваат дека оваа година нема да дојдат поради обврски и ветуваат дека сигурно ќе дојдат следната година.

Во следниот кадар тажниот дедо седи сам и вечера. А потоа следи заплетот, дедото смислува генијален начин како да ги собере сите негови деца кај него дома.

Најчитани вести