Кевин Дурант еднаш за медиумите изјави: “You guys really don’t know s—.”
Ѕвездата на Оклахома Тандер изрази жалење, затоа што ако знаеше како медиумите ќе го третираат Коби Брајант и како тој ќе реагира, тој би реагирал порано.
„Јас го обожавам Коби Брајант. Го следев, го копирав, сакав да бидам како него. Тој беше нашиот Мајкл Џордан. Го гледав Мајкл кон крајот на неговата кариера, кога беше во Визардс, и видов дека тоа беше Коби за нас.
Се разочарав оваа година, бидејќи вие момци го третирате како г*мно. Тој е легенда, а ги слушам сите како зборуваат колку лошо тој игра, колку лошо шутира. Дека дојде време за него да се откаже. Вие момци го третирате еден од нашите легенди како г*мно, и тоа навистина не ми се допаѓа. Па се надевам, сега можете да почнете да бидете фини со него, сега кога тој одлучи да се пензионира по крајот на оваа сезона. Тажен беше начинот на кој тој беше третиран, според мое мислење.
Но, тој имаше неверојатна кариера, човек кој ја измени играта за мене како играч, ментално и физички. Толку многу значи за кошарката. Тој беше секогаш тука за совет, за помош, за што било. Брилијантен, брилијантен, интелигентен човек. Тажно ми е што го гледам како си оди.“


