Утринава, во 01.35 часот, од страна на полициски службеници на автопатот Удово-Неготино кај м.в. „Арсова лака“ при обид да биде сопрено патничко возило „Рено Сеник“ истото ја зголемило брзината на движење и го продолжило движењето кон Неготино.
По ова, полициските службеници се упатиле по возилото и кај клучката Демир Капија возачот во еден момент застанал и избегал. При преглед на возилото откриени се 16 илегални мигранти од кои шест од Палестина, девет од Пакистан и еден од Либан.
Лицата се сместени во Прифатниот центар за странци, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.


