Велешанче правело селфи на воз и го удрила струја

Машко дете на возраст од 14 години е тешко повредено од струен удар на железничката станица во Велес. Околу 12 часот и 15 минути во Секторот за внатрешни работи било пријавено дека детето се здобило со тешки повреди откако се качило врз вагон што бил паркиран на железничката станица, јавува порталот Дума.Вагонот бил под висок напон.

Детето било со изгореници на големи површини од телото кои го загрозувале неговиот животот и заради тоа лекарите одлучиле веднаш да биде транспортирано во Центарот за изгореници во Градска болница во Скопје.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести