Поранешната членка на српската група „Моделс“, Александра Мелниченко сакала со ќерката Тара да го посети Белград за да ги помине празниците со мајка си, но на нејзиниот сопруг, рускиот милијардер Андреј Мелниченко, оваа идеја не му се допаднала, пишува српски „Б92“.
Како што открива извор за еден српски медиум, Андреј Мелниченко е загрижен за сигурноста на својата сопруга имајќи предвид дека досега два пати е фрлена бомба на нејзиниот дом. Рускиот милијардер ѝ рекол на сопругата дека нивното дете нема да може да го посети Белград сè додека не стане полнолетна, но само ако сака да го запознае местото од каде потекнува нејзината мајка.
Наводно, Сандра се согласила со оваа одлука, бидејќи е свесна дека во Србија има премногу луѓе кои би можеле да му наштетат на нејзиното семејствo.


