Младиот Леарт Адеми кој вчера почина во старата Градска болница откако дента бил ранет со нож во срцето е син на Сами Адеми, долгогодишен спортски новинар во Македонската радио телевизија.
Неговиот татко, на својот Фејсбук профил напиша: „Среќата повеќе не живее во нашиот дом. Мојот син беше прободен и убиен со нож“.
Деветнаесетгодишниот Леарт е погребан денеска.
Засега фактите говорат дека Леарт Адеми починал откако со убодна рана од остар предмет е донесено во Градската општина болница „Наум Охридски“ во Скопје.
Со него било донесено уште едно лице родено 1995 година, кое имало расекотина на главата. Неговиот другар по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.


