Загинатите во сообраќајката во Штип се двајца чувари од штипскиот затвор

Двајца штипјани загинаа во сообраќајна несреќа која се случи вечевра после 19 часот во близина на месноста Четврти километар на патот Штип-Радовиш.

Двајцата загинати се вработени лица во Казнено поправниот дом Штип.

Двајца затворски чувари од Штип, одејќи на работа во ноќна смена ги загубија животите во тешката сообраќајна несреќа, што се случила на излезот од Штип. Возилото во кое се возеле излизгало од коловозот и според се’ уште непотврдени информации влетало во реката Брегалница, јавува Канал 77

Веднаш притрчале на помош колегите, кои се возеле во возилот зад нив. Успеале да го дочекаат жив едниот од нив, кој набргу им починал на раце. Вториот штијанец веќе бил починат. Полицијата го потврди настанот, кој се случил околу 19 часот.

Има потврда за двајца починати, но детали најави за подоцна. Веста брзо простури низ Штип. Неофицијално, се работи за жител на штипската населба Железничка, кој пред осум месеци станал татко. 

Втората жртва е од населбата Чардаклија, брат на загинат бранител од конфликтот во 2001-ва.

Во мометов трае увидот на полицијата, по што ќе информираат за повеќе детали.

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести