(ВИДЕО) Со последниот видеоспот Боуви ја најави својата смрт?

Легендата на светската музичка сцена, Дејвид Боуви, 18 месеци се борел со ракот далеку од очите на јавноста. За ова знаело само неговото семејство, а борбата со оваа кобна болест ја водел подалеку од обожавателите.

Животот на Дејвид Боуви беше полн со шокантни момент, но имаше нешто многу вознемирувачко во врска со последниот видео клип на Белиот Војвода, видеоспотот “Lazarus”.

Изнемоштен во кревет, со завои покриено лице (копчиња го завземаат местото на очите, што е дополнително морничаво), Боуви во грчеви лежи пред да стане и да се растресе.

Станувајќи од смртната сцена – во Jazzy, малку Roxy Music-носталгичната песна “Lazarus” – завршува со сцената во која Боуви исчезнува во плакарот, таму каде што не бил од раните 70-ти.

Новиот албум на Боуви, “Blackstar”, излезе на 8-ми јануари.

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести