Бремена жена им подлегна на повредите

Дваесет и деветогодишната бремена жена од Струмица, која беше тешко повредена во сообраќајната несреќа што се случи во недела навечер околу 21 часот на излезот од Струмица на патот кон Ново Село, им подлегна на повредите. Таа била во вториот месец од бременоста, додека нејзината шестгодишна ќерка, која исто така беше повредена во несреќата, е надвор од животна опасност.

Мајката и девојчето биле сопатнички во автомобилот марка „фиат типо“, кој го управувал Ц.Т. (29) од село Дабиле. Како што дознаваме бремената жена зад себе оставила уште едно машко дете на возраст од една година. Возачот на автомобилот поминал со лесни повреди, а од другиот, автомобил „опел астра“, во кој се наоѓале две мимчиња, исто така, поминале се лесни повреди.

Од силината на ударот се` уште има остатоци од двата автомобили на местото на несреќата, а во извлекувањето на повредените од „фиатот“ учествувала и Противпожарната единица од Струмица.

Извор: Први.мк

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести