Веста која овие денови одекна како бомба во сите медиуми е дека Светлана Цеца Ражнатовиќ e во врска со 16 години помладиот манекен Александар Јововиќ.
Сепак, никој не претера со разликата во годините, бидејќи многу познати естрадни уметници веќе ја користат оваа емоционална финта.
Цеца и Александар се сретнале за време на снимањето на спотот за песната “Добро сум поминала”, а главниот стројник е нивниот заеднички пријател Бошко Јаковљевиќ. Врската долго време ја криеле, но романсата беше обелоденета при крајот на минатата година.

Свадбата, кој ја одбележа минатата година секако е венчавката на Северина и Игор Којиќ. Во нивната љубов многумина се сомневаа, но Севе и 15 години помладиот Игор покажаа дека ништо не е маркетинг, едноставно се сакаат.

Пејачката Гоца Тржан, година дена беше во врска со Раша Поповиќ, кој е помлад од неа 14 години. Нивната љубов во септември беше крунисана со брак, а сега сакаат нивниот дом да биде разубавен со едно бебе.

Анабела Атијас и нејзиниот 11 години помлад сопруг Андреј веќе 3 години уживаат во бракот. Пред брак се забавуваа една година, а подоцна добија наследничка.

Катарина Живковиќ деновиве предизвикува големо внимание поради тоа што го скри нејзиното ново момче. Иако нема многу голема разлика во годините, за оваа пејачка владее девизата” што е помладо толку е послатко.” Српски Курир дознава дека нејзиното ново момче е фудбалерот Милош Дегенек, кој е 5 години помлад.

Најголемата разлика во годините има меѓу дизајнерката Верица Ракочевиќ и нејзиниот избраник Вељко Кузманчевиќ. Дизајнерката не обрнува внимание на коментарите. Таа веќе 3 години ужива во среќниот брак со својот сопруг, кој 35 години е помлад.

Извор:Репортер


