На денешен ден пред 28 години, Мајкл Џордан го изведе своето легендарно забивање. На Ол Стар натпреварот во 1988 година „Air Jordan“ ја заби топката во обрачот одразувајќи се од линијата за слободни фрлања, притоа воодушевувајќи ги навивачите во Чикаго.
Забивањето, кое и ден денес се прераскажува, му ја донесе титулата најдобар забивач пред една друга НБА легенда, Доминик Вилкинс.


