Мирсад Ндрецај и Бег Ризај и се предале на полицијата за време на настаните во Диво Насеље на 9 и 10 мај минатата година, а потоа биле убиени. Ова го изјави Руфки Догани, еден од 29-темина обвинети за делата „тероризам“ и „терористичко организирање“, на денешното продолжение на судскиот процес во Скопје.
На новинарско прашање дали е вистина тврдењето на обвинетите дека Мирасад Ндрецај и Бег Ризај биле убиени после приведувањето адвокатот Мефаил Аслани одговори дека според еден од неговите клиенти тие биле живи пред приведувањето.
-Еден од моите клиенти денеска изјави дека пред приведувањето биле живи Мирсад Ндрецај, Валон Кабаши, Бег Ризај и Сами Кастриоти и според него тие биле егзекутирани во полициска станица – изјави Аслани.


