После шест номинации, Леонардо ДиКаприо конечно го освои својот прв Оскар за главна улога во филмот The Revenant (Повратник).
– Да не ја земаме нашата планета здраво за готово. Јас не ја земам оваа вечер здраво за готово – рече актерот во својот говор.
Режисерот на The Revenant, Алехандро Ињариту, ја освои престижната статуетка за најдобра режија, додека филмот Spotlight освои Оскар за најдобар филм.


