Роџер Федерер, после операцијата на коленото, има доволно време малку да „поужива“ во животот. Тој беше специјален гостин на синоќешното доделување на „Оскарите“.
Швајцарскиот ас, додека даваше интервју на црвениот тепих за шоуто на Џими Фелон, малку се опушти и наздрави со текила.
„Да се вратам на првото место. Тоа почнува вака“, кажа Швајцарецот пред да ја избрише устата и да додаде: „Не го очекував ова. Ова беше силна текила“.
Федерер на тениските терени ќе се врати на турнирот во Монте Карло.


