Пензиониран поштар од Нешвил во Тенеси е татко на повеќе од 1.300 деца – докажуваат бројни ДНК анализи.
Шокантната вистина излегла на виделина сосема случајно. Се’ почнало кога во 2001 година двајца мажи побарале да дознаат кои се нивните биолошки татковци. Истрагата докажала дека таткото е иста личност. Со времето, ДНК анализите станале поевтини и тоа помогнало за овие 15 години да се дознаат мноштво информации.
Начинот на кој осумдесет и седумгодишниот пензиониран поштар станал татко на над 1.300 деца е многу едноставен – одлично го имитирал Џони Кеш.

„Контрацепцијата во тоа време не беше популарна, нема од што да се срамам. Шеесеттите беа добри години и одлично го имитирав Џони Кеш, што поминуваше одлично кај дамите. Некои дури беа убедени дека јас всушност сум токму Џони. Се’ уште не знам дали беа сериозни или само се обидуваа да се убедат себеси, но како да одбиеш секс на брзина “, изјавил поштарот.
Потомците сепак немаат намера да поднесат тужба против него, бидејќи поголемиот број од нив не сакаат да се дознае вистината јавно. Откритието би разорило стотици семејства.
Приватниот детектив кој ги откри овие 1.300 потомци на поштарот смета дека бројката е многу поголема.


