Дваесет и петгодишно момче почина денеска по пад од 14-ти кат од зграда на ул. „Никола Тесла“ во населбата Карпош. Момче претпладнево се фрлило од покрив на зграда во скопската населба Карпош 1, јавува Телма.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во 11 часот и 54 минути е пријавено дека од 14 кат од зграда на ул. „Никола Тесла“ паднало машко лице на плочникот пред влезот.
На местото на настанот се излезени полициски службеници од Полициската станица Карпош и лекар од Итната медицинска помош кој констатирал смрт кај момчето
Според очевидци на настанот, тој паднал на паркингот, буквално през нозете на случајните минувачи.
Следуваат повеќе детали.
Извор:Телма


