Денеска ќе бидеме тука – да ги погледнеме во очи оние кои зад затворени врати ја кројат нашата иднина.
Да ги видиме луѓето без имиња, политиката на иднината без лице и иднината што ни ја подготвува Христијан Мицкоски.
Ние, младите, ќе бидеме тука да видиме кој во наше име, зад затворени врати, под превезот на тајноста и странските принципи на доверливост, крои наша судбина.
Да ги погледнеме во очи и да им порачаме јасно:
Нема да одлучуваат наместо нас.

Нема да одлучуваат во име на организираната криминална група.
Нема да одлучуваат во име на Христијан Мицкоски.
Ние младите знаеме што сакаме.
Ние сакаме Европа.
Сакаме да останеме во својата татковина, но во европска Македонија – држава во која владее демократија, во која се знае што е вистина, во која правдата победува.
Тоа е вистински патриотизам.
Ние младите нема да дозволиме некој зад затворени врати да ја одредува нашата судбина.
Нема да победат криминалот, корупцијата и интересите на други држави.
Младите ќе победат!
Изјава, Петар Огњеновиќ – СДММ


