СП 2026: Клоп за поништениот гол на Германија – Арсенал немаше да биде првак на Англија

Еден од фаворитите за завршницата на Светското првенство селекцијата на Германија неочекувано беше изненадена од Парагвај во 1/16 финалето. Но, германскиот тим постигна гол во продолжението преку Џонатан Тах, кој судијата Џалај Џајед го поништи поради фаул над голманот.

За дадената ситуација и поништениот гол, Јирген Клоп, кој е во улога на аналитичар изјави:

– Арсенал немаше да биде шампион на Англија, постигнаа 60% од головите на тој начин. Ние ќе победевме голот да важеше.

Парагвај по изведувањето на пенали со 4:3 ја совлада Германија, откако натпреварот заврши 1:1. 

МИА

Најчитани вести