Ланската финалистка на Вимблдон Аманда Анисимова од САД ја оправда фаворитската улога во мечот од 1.коло на Вимблдон против македонската тенисерка Лина Ѓорческа и славеше победа со 2-0 во сетови (63 62) за 61 минута. Ова за Ѓорческа беше прв настап на Гренд слем турнир откако успешно ги мина квалификациите и оствари три победи.
Во првиот сет Анисимова единствениот брејк го направи во четвртиот гем кога поведе со 3:1 во гемови и предноста ја зачува до крајот на сетот, а во вториот сет имаше два брејка во третиот и петтиот гем, а потоа имаше и водство од 5:1 во сетот со што ја најави победата. Ѓорческа на свој сервис во седмиот гем успеа да спаси и една меч топка.
МИА


