На секои 100 пензионери во Албанија, придонеси плаќаат само 118 вработени. Овој сооднос во социјалното осигурување останал речиси идентичен во 2025 година, како и претходната година.
Според податоците од Институтот за социјално осигурување за 2025 година, регистрирани се 754.981 пензионер и 870.964 вработени кои плаќале пензиско осигурување.

-Таквиот сооднос го оптовари пензискиот фонд, бидејќи приходите собрани од осигурениците достигнаа две милијарди евра, додека Осигурителниот институт беше принуден да потроши вкупно 2,14 милијарди евра. Разликата или дефицитот од создадената шема беше покриен од државниот буџет во износ од 106 милиони евра, објави Топ чанел.
Оваа појава е последица на миграцијата на работната сила, непријавување на работниците и нереалното пријавување на платите од страна на газдите, што условува се помал прилив на средства во пензискиот фонд.
Просечната пензија во урбаните средини минатата година изнесувала 212 евра, што претставува зголемување од само 16 евра во однос на 2024 година, додека просечната пензија во руралните средини изнесувала 125 евра, односно за 7 евра повисока споредено со претходната година.
Според последната одлука на Владата, пензиите од 1 јули ќе се зголемат за 2,5 отсто.
МИА


