Рама тврди дека на протестите во Тирана учествувала Икбале Худити, сестра на иранскиот генерал, Касем Сулејмани

Албанскиот премиер Еди Рама повторно реагираше со објава на социјалните мрежи во врска со протестите во Тирана, овој пат тврдејќи дека на истите учествувала и  „сестрата на иранскиот генерал, Касем Сулејмани, кој беше убиен во војната со САД“.

Тој објавуви и  фотографија на која, според него,  е Икбале Худити – сестрата на Сулејмани.

„Погледнете ги двете фотографии. Тоа е истиот лик што дојде со караванот на лажната „дијаспора“, кој во името на Алах проповеда омраза, повикува на востание против албанската влада, бара одмазда против Америка за својот убиен брат, касапот на режимот во Техеран, озлогласениот генерал Касем Сулејмани. И да, ликот до неа е самиот Ахмадинеџад, озлогласениот главен слуга на ајатоласите на темнината“, пишува Рама.

Икбале Худити е позната по своите јавни симпатии кон исламистичката теократија во Техеран, претходно беше уапсена во Косово поради изјави со кои поттикнува терористички акти против САД и Израел. 

МИА

Најнови вести

Најново од Балкан

Најчитани вести