Вчеравечер од Клиничката болница – Тетово во полициската станица било пријавено дека во с.Вратница е пронајдено починато дванаесетгодишно девојче.
Таткото на починатата, откако пристигнал во семејната куќа, насилно ја отворил вратата од купатилото бидејќи немало одговор и ја забележал сега починатата легната на подот без знаци на живот. Смрт е констатирана од доктор по судска медицина. Од извршен надворешен преглед над телото на починатата констатирана е една повреда во вид на оток во задниот дел од главата – соопшти денеска МВР.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР-Тетово. По наредба на Јавен обвинител телото на починатата ќе биде предадено на обдукција.


