Кандскиот премиер Џастин Трудо откако дојде на функцијата ги освои симпатиите на јавноста со многу негови настапи, со изјавите за легализација на марихуаната, со заложување за правата на мажите и жените, со повлекувањето на војската од Сирија и Ирак.
Но она што воодушевува е и неговата физичка подготвеност, тренирал бокс а бил и тренер по банџи-џампинг. Колку е физички подготвен се гледа и во оваа поза која се нарекува „паун“ и веројатно ја направил како од шега, на пауза на седница. Позата само по себе е моќна, бидејќи освен што бара одлични бицепси и сила да се изведе, во јогата, означува големи работи како вечност и љубов.

Инаку, во една прилика Трудо, повторно облечен во костум, пред поширок аудиториум направи поза во јогата позната како „дрво“. Токму од овие причини, што во секоја прилика промовира здрав начин на живот и се заложува за прашања поврзани со екологијата и климатските проблеми, Трудо на својата страна ја има генерацијата која со своите ставови припаѓа на 21 век. Тој со својот изглед, начинот на размислување и презентирање на ставовите во јавноста, излегува од рамките на стандарден политичар.


