На патниот правец Росоман-Прилеп, кај месноста Бел Камен, се случи сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило камион и џип Порше. По сударот камионот остана превртен во каналот покрај патот. Возачите кои се затекнаа на самото место, прискокнаа на помош на возачот на камионот. Пристигна и возило на брза помош, кое се погрижи за повредените.
За причините на сообраќајната несреќа, полицијата врши увид на самото место.






