Возач на „застава“ со скопски регистарски ознаки, 40-годишниот Е.Н. вчера удрил во петгодишно дете. Сообраќајката се случила во 12 часот во Скопје на улица „Јустинијан Први“.
Детето веднаш било пренесено во Ургентниот центар во Скопје, каде се констатирани фрактура на черепот и фрактура на левата нога.
Според МВР, петгодишното дете не е во животна опасност и ќе биде задржано на понатамошно лекување.


