Лестер беше убедливо подобар противник од Свонси и заслужено стигна до триумфот, во рамки на 35-то коло на Премиер лигата.
Ријад Марез беше стрелец на првиот гол, откако Вилијамс буквално му ја подари тпката на Алжирецот, а овој не му прости на Фабијански и го отвори резултот. Два пати во листата на стрелци се запиша Леонардо Ужоа, а конечниот резултат го постави Олбрајтон.
Во пресрет на утрешниот натпревар на Тотенхем против ВБА, Лестер има осум бодови предност.


