Новинарот, Зоран Божиновски денескаод притворот во Шутка беше донесен на распит во Кривичниот суд за да исказ за случајот „Шпион“. Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани соопшти дека според информациите од адвокатите, Божиновски категорично ги негирал сите наводи дека сторил кое било од кривичните дела кои му се ставаат на товар.
„Тој ги изнел и причините заради кои смета дека Обвинителството не располага со докази со кои може да ги потврди наводите изнесени во барањето за спроведување на истрага. Предеметот на Божиновски е сеуште во фаза на истрага. По завршување на распитот, одбраната поднесе предлог за укинување на притворот“, изјави Селмани.
Божиновски минатиот месец беше уапсен во Нови Сад, врз основа на меѓународната потерница која беше распишана против него во ноември 2013 година, како осомничен во случајот „Шпион“ и веднаш беше екстрадиран во Македонија.
Божиновски во случајот „Шпион“ се товари за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.


