Aпсолвентката што го роди бебето во тоалет и го фрли ќе се брани од слобода

23-годишната Т.И. од Скопје, апсолвентка од Економскиот факултет во Скопје ќе одговара за чедоморство кое се случило на 29 март годината.
Таа на грaничниот премин Табановце се породила со живо женско бебе кое потоа го фрлила во кантата за отпадоци. Телото на мртвото бебе било откриено наредниот ден од чистачката.
Девојката била во 7/8 месец од бременоста. Потоа, како ништо да не се случило, се вратила на седиштето од автобусот и го продолжила патувањето кон Прага.
Настанот бил пријавен во СВР-Куманово и по интензивна истрага е контактирано со организаторите на екскурзијата, а студентката на 30 март била однесена во Гинеколошка клиника во Прага.
По завршувањето на екскурзијата, на 18 април, кога влегла во Македонија, била приведена и однесена на дополнителни медицински вештачења.
Од МВР наведуваат дека од истрагата е констатирано дека без оглед на датумот на бременоста, новороденчето кое било живо родено, ќе преживеало доколку било родено во соодветни болнички услови.
Извор: 24 Вести

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести