Се одложи „Диво насеље“, адвокадите и медиумите не влегоа во салата на Врховен

Судскиот процес Диво Насеље и понатаму го следат скандали.

Денеска иако обвинетите беа донесеи и беа ангажирани силни полициски сили за обезбедување, адвокатите и медиумите не влегоа во судската сала. Судската полиција во врховниот суд не им дозволи со образложение дека кој сака да влезе да се снајде иако сите врати се заклучени.

Рекоа дека судската полиција на Кривичниот требало да обезбеди коридор за минување до судницата. На адвокатите не им беше јасно зошто нив не ги пуштата, а обвинителите поминале преку ходниците на основниот суд 2 кои се споени со Врховен.

Од Кривичниот остро реагираат и појануваат дека по добивање на одлуката на Владата на Република македонија  од Претседателот на Врховниот суд на веднаш биле побарани клучевите од судската сала кои на ден 27.05.2016 година, во присуство на комисија од Кривичниот суд, записнички било извршено примопредавање на судската сала.

Извор: Телма

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести