Петнаесетгодишник од Кратово, во присуство на службени лица од Центар за социјални работи во полиција пријавил дека вчера околу 15.30 часот, неговиот татко М.М. (самохран родител) го тепал и му нанел повреди по главата и телото. Од страв и од болка момчето избегало од дома и одбивало да се врати. Откако му биле санирани повредите тоа на полицајците им рекло дека бил претепан од татко му поради слабите оценки на училиште. Вчера против таткото е поднесена кривична пријава за кривично дело „телесна повреда“ при семејно насилство.


