(ВИДЕО) Гневен татко скокна врз убиецот во судница

Van Terry, таткото на Shirellda Terry, скокна на Michael Madison во текот на изрекувањето на смртната казна во четвртокот попладне, во Кливленд, САД.

Тerry беше еден од членовите на семејствата кои избраа да зборуваат, откако судијата го осуди Madison на смрт, за убиство на неговата ќерка и две други девојки.

“Тој ме погледна и се насмевна”, рече Тerry. “Помислив дека беше толку срамно”.

“Размислував за тоа како тој го осакати моето дете, како го сечел моето дете и тоа додека уште била жива. Не знам дали сум размислувал да скокнам или било што, само знаем дека сакав да го зграпчам” – изјави Тerry.

Медисон, кој изјави дека му се восхитувал на серискиот убиец Anthony Sowell, ги уби Shirellda Terry, Angela Deskins и Shetisha Sheely. Нивните тела беа пронајдени во пластични ќеси во близина на неговиот дом во Madison’s East Cleveland, во 2013 година.

За време на неговото судење, адвокатите на Медисон не порекнаа дека тој ги убил девојките, а тврдеа дека тоа го направил без предумисла. Тие се обидуваат да го поштедат од смртната казна.

Најнови вести

Најново од Видеа, Топ Вести

Најчитани вести