20 годишна девојка од тетовски Требош го загуби животот во синоќешната тешка сообраќајка што се случила на локалниот пат Тетово-Требош.Таа била сопатничка во автомобилот, во кој се превезувале уште три лица.33 годишниот возач,15 годишно момче и другата 23 годишна сопатничка, по укажаната лекарска помош во тетовската клиничка болница, итно се префрлени на скопските клиники.На сите тројца, здравствената состојба им е тешка и сериозна.
Според првичните информации, возачот од засега непознати причини,изгубил контрола, по што автомобилот се превртел и удрил во блиските дрвја.Извршен е увид, возилото е предадено за вештачење, а полицијата работи на целосно расветлување на причините за сообраќајката.


