И за што ќе биде обвинет уапсениот активист, за обид да распне платно на кеј? Дали овде некој има памет? Ова е уште едно тешко кршење на слободата и правото на изразување, чиста полициска бруталност и самоволие, кое докажува дека оваа власт уште подлабоко зацапува во автократија и тоталитаризам. Ако на тоа се додаде и говорот на Груевски, полн со омраза и лошо камуфлирани повици за насилство и граѓански судири, јасно е дека работите тргнуваат во најлошата од сите можни насоки. Тие што гледаат спас за себе во предизвикување тотален хаос, анархија, граѓански судири и крвопролевање, треба да се свесни дека само го зголемуваат влогот во животниот комар во кој се влезени, по своја вина, се разбира. Таквото политичко хазардерство, со судбината и со животите на цел еден народ, освен за народот и државата, секогаш имаат КОБНИ последици и за главните актерите, нека ја консултираат историјата. Тие нема да најдат спас, може да купат само време, ама по цена на големо зло и хаос, од кои ќе биде тешко, речиси невозможно да се излезе. А можат да одберат друг пат, помалку опасен и за нив! Во споредба со крајот на еден Садам, Гадафи, Нориега, затворот на еден Санадер е мачкина кашлица! Не разбирам зошто не се себични, (како секогаш) и не го изберат помалото зло за себе, зашто тоа е и помало зло за Македонија. А тоа „помало зло“, странските посредници им го запакуваа во Извештај на Прибе, Договор од Пржино, непречена работа на СЈО, контрола на ДБК, реформа на медиуми… Дали е тоа пострашно од она во што безглаво ја туркате цела Македонија?
Фејсбук статус на Жарко Јорданоски


