Сопругата на рускиот олигарх Владимир Потанин планира да ја продолжи бракоразводната парница во Лондон бидејќи, како што вели, законите во Русија се „машки“.
Наталија ќе ја продолжи бракоразводната парница во главниот град на Англија каде што моментално живее, бидејќи законите во Британија се наклонети кон финансиски понежниот сопружник.

– Руските закони им одат во прилог на мажите. Јас сакам правда – вели Наталија.
Оваа одлука е последица на нејзиниот бес од понудата за развод со договор, кога Владимир, сопственик на многу рудници, ѝ понудил 32 милиони долари, а таа барала половина од неговото вкупно богатство, односно 5 милијарди долари.
Потанин тврди дека тој ги нема тие пари и дури дека нема ниту една недвижнина на свое име, иако „Форбс“ го прогласи за најбогатиот Русин во светот.
Владимир и Наталија биле во брак 30 години, во кои добиле три деца. Рускиот тајкун во 2013 година побарал развод од сопругата откако ѝ признал дека е во врска со 15 години помладата колешка од неговата компанија, и дека има дете со неа. Тогаш почна нивната мачна бракоразводна парница во која се навредуваат и расправаат преку медиумите.


